• среда, 09 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

-Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан