Облачно со магла по котлините
- Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла. дма/бак/
Фото: МИА архива