Премиерот Мицкоски ќе ја промовира новогодишната потрошувачка кошничка
- Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка.
Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка.
Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.
По состанокот, премиерот Мицкоски ќе одржи прес-конференција. вг/нд/
Фото: МИА архива