• понеделник, 30 декември 2024

Презентација на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во училишта и градинки

Презентација на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во училишта и градинки

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го спроведува УНДП, денеска ќе бидат презентирани резултатите за квалитетот на внатрешниот воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот ќе го отворат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги презентира ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски.

Предвидено е и одржување на панел дискусија на која, според најавата, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ се спроведува во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и со општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, а дел од Рамковната програма на УНДП, финансирана од Шведска. мч/са/

фото: МИА

 

Остани поврзан