• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на наоди од истражување на јавно мислење за перцепцијата на граѓаните за работата на полицијата

Презентација на наоди од истражување на јавно мислење за перцепцијата на граѓаните за работата на полицијата

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Евротинк - Центар за европски стратегии денеска на брифинг со медиумите ќе ги презентира резултатите од истражувањето на јавно мислење „Перцепции и ставови на граѓаните за  работата на полицијата во Република Северна Македонија во февруари 2024“. 

Како што наведуваат од невладината тинк тенк организација, наодите се однесуваат на јавното мислење на граѓаните во врска со транспарентноста и отчетноста на полицијата, развојот на полицијата, демократскиот капацитет на полициската организација и процесот на донесување одлуки. 

-На брифингот ќе се осврнеме на теми поврзани со прашања како колкава е довербата на граѓаните во институциите, какви се ставовите на граѓаните за работењето на полицијата во земјава, какво е познавањето на граѓаните на механизмите за контрола на полицијата, какво е нивното мислењето за работата на управните служби при МВР, како и за односот на граѓаните кон концептот „Полиција во заедницата“, стои во соопштението.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот: „Подобрување на транспарентноста и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ имплементиран од Евротинк – Центар за европски стратегии и финансиски поддржан од Националниот Фонд за Демократија од САД. вг/нд/

Фото: МИА Архива

 

 
 

 

Остани поврзан