Предавање „Да пишуваме за театар!“ на Ана Стојаноска во ДПМ
- Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска, вечер во 19:00 часот, ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска, вечер во 19:00 часот, ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
- Затоа за мене театарот е најубавата уметност, трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега, наведува Стојаноска.
Предавањето е од отворен карактер, а влезот е слободен. дма/ев/
фото: ДПМ