Пратенички прашања во законодавниот дом
- Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред - поставување пратенички прашања.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 82. седница со единствена точка на дневен ред - поставување пратенички прашања.
Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.
Во согласност со Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и за идните активности на законодавниот дом.
Гаши денеска ќе оствари средба и со австрискиот амбасадор Мартин Памер. фф/са/
Фото: МИА архива