Пратениците од Комисијата за труд ќе се состанат со експерти на Меѓународната организација на трудот
- Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи работен состанок со претставници на Мисија составена од експерти на Меѓународната организација на трудот (специјализирана агенција на ОН) и експерт за слобода на здружување.

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за труд и социјална политика
денеска ќе одржи работен состанок со претставници на Мисија составена од експерти на Меѓународната организација на трудот (специјализирана агенција на ОН) и експерт за слобода на здружување.
Целта на состанокот е согледување на примената на Конвенцијата (во закон и пракса), идентификување на предизвиците и поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите, се посочува во најавата на собраниската веб страна. ев/са/