• сабота, 23 ноември 2024

Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Поети од Данска, Малта, Франција, Сирија, Хрватска, Србија и над 50 домашни поети ќе учествуваат на третиот Скопски поетски фестивал, кој од денеска до 28 септември ќе се одржува на неколку локации во Скопје - Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.

Во програмата на фестивалот, кој официјално ќе биде отворен на 27 септември во 20 часот во МКЦ со настанот „Воздух. Ветер. Дишење“, се неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии.

-Ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација, соопштија организаторите.

Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, со поддршка на Младинскиот културен центар ‒ Скопје, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист. мд/хс/

Фото: Скопски поетски фестивал

Остани поврзан