• понеделник, 16 декември 2024

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцијација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани. 

Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје, во поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а во ИЈЗ само за здравствените работници.

Од Министерството за здравство информираат дека сите пријавени на сајтот добиваат смс порака порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација.

- Министерството годинава набави 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, што е зголемување во однос на претходните години. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, соопштија од МЗ.

Во Центрите за јавно здравје и годинава се набавени и комерцијални вакцини против грип за заинтересираните граѓани кои не влегуваат во ризичните групи. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан