• сабота, 27 јули 2024

Почнуваат Деновите на Мајка Тереза

Почнуваат Деновите на Мајка Тереза

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Со изложба на мозаици од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје, Изет Зеќири, денеска почнуваат Деновите на Мајка Тереза.

Изложбата насловена „Мајка Тереза - од Скопје во Калкута” ќе биде отворена претпладнево во Спомен-куќата на Мајка Тереза.

За утре е предвиден Поетски час на Друштвото на писатели „ОЕНЕУМ“ - Тетово, а на 29 август ќе бидат промовирани песна и спот посветени на Гонџа Бојаџиу.

Во рамки на Деновите ќе се одржат и читање поезија посветена на Мајка Тереза - Друштво на писатели „АБЦ Поетике“, проекција на филмот „Нешто убаво за Господ”, промоција на збирка поезија за Мајка Тереза – Граѓанско здружение „Скопјанката Мајка Тереза”, како и читање раскази од литературниот конкурс. Доделени ќе бидат и награди и благодарници.

Деновите на Мајка Тереза ќе завршат на 5 септември со крводарителска акција во соработка со Црвениот крст на РСМ. мч/лв/

Остани поврзан