• вторник, 24 декември 2024

Панел „Разобличување на антиродовите дезинформации“

Панел „Разобличување на антиродовите дезинформации“

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус Скопје организираат дискусија насловена „Разобличување на антиродовите дезинформации“ што ќе се одржи денеска во Јуроп хаус Скопје.

Амбасадорот Дејвид Гир ќе го отвори настанот со свое воведно обраќање, по што ќе започне дискусијата на која ќе говорат Мила Царовска, извршна директорка, ХЕРА, Ирена Цветковиќ, извршна директорка, Коалиција Маргини и Мери Јордановска, истражувачка новинарка, агенција МЕТА.

Настанот, како што посочуваат од Јуроп хаус, произлезе од стратешките определби на Делегацијата за зајакнување на локалните заедници во справувањето со штетното влијание на антиродовата дезинформациска кампања и истиот е организиран во соработка со мрежата на Јуроп Хаус во рамки на поставената соработка за градење на отпорност кон дезинформации и промовирање на медиумската писменост во Северна Македонија. нд/са/

Фото: Јуроп хаус

Остани поврзан