• понеделник, 23 декември 2024

Отворен медиумски ден на Радио МОФ и отворена седница на Комисија за жалби на СЕММ, дел од Денови на медиумска писменост 2024

Отворен медиумски ден на Радио МОФ и отворена седница на Комисија за жалби на СЕММ, дел од Денови на медиумска писменост 2024

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) – Отворен медиумски ден на Радио МОФ и отворена седница на Комисијата за жалби на Советот за етука на медиумите на Македонија се дел од активностите кои ќе го одбележат петтиот ден од Денови на медиумска писменост 2024.

Отворениот медиумски ден на Радио МОФ денеска ќе биде од 10 до 14 часот, додека, во 11 часот, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи отворена седница на Комисијата за жалби на тема „Предизвици за медиумската саморегулација“, организирана од Советот за етика на медиумите на Македонија (СЕММ). 

Потоа, од 12 до 14 часот, во Europe House во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Паметно живеење во дигиталниот свет“, организирана од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Делегацијата на Европската унија. 

Денот ќе заврши со вебинар на тема „Дезинформации на Западен Балкан: Трендови, предизвици и одговори“, организиран од Фондацијата Метаморфозис, кој ќе се одржи од 13 до 14 часот онлајн.

Со Деновите на медиумска писменост 2024, кои ќе се одржат од 28 октомври до 4 ноември под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“, преку голем број разновидни настани Мрежата за медиумска писменост дава придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.ар/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан