• среда, 25 декември 2024

Отворање на изложбата „Јапонскиот лебдечки свет“

Отворање на изложбата „Јапонскиот лебдечки свет“

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Амбасадата на Јапонија и Културно-информативниот центар – Скопје ја организираат изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век.

Изложбата, како што е најавено, вечерва во 19 часот, ќе ја отворат јапонскиот амбасадор во земјава Оцука Казуја, директорот на Културно-информативниот центар – Скопје Антонио Димитров,  Маја Стефкова од „AOTS- Македонија“ и кураторот на изложбата Јасмина Намичева.

По повод 30 години од воспоставувањео на дипломатските односи меѓу двете земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за да се врати во Скопје со поддршката на Културно-информативниот центар – Скопје.

УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка за Музеј на Град Скопје и патуваат благодарение на Горан Антевски, „Раде Кончар ТЕП“ и „AOTS- Македонија“ на инцијатива на Јасмина Намичева и Амбасадата на Јапонија. За време на изложбите во сите градови, „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици. 

Изложбата во Скопје ќе биде отворена до 5 јули годинава. мд/бак/

Фото: Фејсбук на Амбасадата на Јапонија

Остани поврзан