• сабота, 16 ноември 2024

Општина Ѓорче Петров домаќин на децата учесници во Бадниковата поворка

Општина Ѓорче Петров домаќин на децата учесници во Бадниковата поворка

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Општина Ѓорче Петров  ќе биде домаќин на децата кои ќе учествуваат во Бадниковата поворка во пресрет на христијанскиот празник Божиќ и ќе го организира нивниот превоз до градскиот плоштад за централниот настан заедно со учесниците од другите општини. 

- Дечињата со весели коледарски песни ќе го најават празнувањето на големиот ден во христијанството, а општината како домаќин ќе ги дарува коледарчињата со бадникови пакетчиња, како што е традицијата, соопшти Општината.

Учесниците од Ѓорче Петров ќе се соберат пред црквата „Петар и Павле“ во 9:30 часот од каде ќе дојдат пеш до Општина Ѓорче Петров, по што со организиран автобуски превоз ќе продолжат кон градскиот плоштад и ќе се соединат со останатите учесници од другите општини.  По завршување на централниот настан на плоштадот, децата од Ѓорче Петров со истиот организиран превоз ќе бидат вратени во општината.

Градоначалникот Александар Стојкоски ги повика граѓаните кои имаат желба со своите деца да бидат дел од Бадниковата поворка.

-Заеднички да се радуваме на денот што ни доаѓа кога Божјата светлина го огреа светот. Да продолжиме на ваков начин да ги негуваме вековните традиции, нашите христијански вредности и во духот на заедништвото да ги славиме овие празници, заедно и сплотени, изјави Стојкоски.

Општината ќе го поддржи и органиизрањето на 8.Коњички марш што ќе се одржи утре по повод Божиќ. 

Маршот ќе почне во 10 часот од бензинската пумпа во Ново Село и ќе  заврши во Кучково. Коњаниците ќе поминат и низ Волково каде е предвидено да бидат пречекани со македонска народна музика.

-На сретсело во Кучково се очекува учесниците на маршот да пристигнат околу 11 часот. Од тука е предвидено да се се упатат до црквата „Св.Ѓоргија“ во Кучково каде што напладне ќе биде поставена традиционална божикна трпеза, информира Општина Ѓорче Петров која ги поканува сите нејзини жители  да бидат дел од оваа традиционална манифестација. хс/са/ 

Фото: Општина Ѓорче Петров 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан