Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за мали семејни винарии.

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за мали семејни винарии.
Грантот, како што соопштуваат од МЗШВ, е за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог во овие винарии.
На настанот, што ќе се одржи во хотел Парк во Неготино, ќе се обрати министерот Николовски. дма/бак/
Фото: МИА архива