• петок, 05 декември 2025

Национално финале на „Electionville” – едукативна игра за симулирање демократски процес во локалните самоуправи

Национално финале на „Electionville” – едукативна игра за симулирање демократски процес во локалните самоуправи

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Националното финале на „Electionville” – интерактивна и едукативна игра преку која се симулира демократскиот процес во локалните самоуправи.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на Националното финале на играта „Electionville" ќе учествуваат средношколци од Битола, Струга, Тетово, Велес, Крива Паланка и Струмица кои во текот на изминатиот месец, играта ја играле во шест локации на Јуроп хаус низ државата – Битола, Струга, Тетово, Велес, Крива Паланка и Струмица.

Како што информираат од Јуроп хаус, “Electionville” е измислен град кој се менаџира преку интерактивна "подна игра", и каде учесниците (ученици од средни училишта) се ставаат во улога на членови на совет на локалната самоуправа. Овој настан претставува завршница на целомесечната образовна програма посветена на граѓанското образование и младинскиот активизам.

-Преку забава и стратешко носење одлуки, играта ги едуцира младите за основните демократски принципи како учеството, инклузивноста, распределбата на буџети и ред други приоритети на јавните услуги. Играта е симулација налик на реалните процеси на локално владеење, посочуваат од Јуроп хаус.

На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, Дафина Стојаноска, претседатека на Парламентарната група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска.
Доделување сертификати и награди

Настанот е во организација на Амбасадата на Шведска, Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп хаус и Собранието на Република Северна Македонија. фф/нд/

Фото: Фејсбук на Шведска амбасада

 

Остани поврзан