• сабота, 23 ноември 2024

Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје како литературен јазик во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ

Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје како литературен јазик во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) – Седмиот студиски ден на Институтот за национална историја на тема „Централното македонцко наречје за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик“, по повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков ќе биде презентиран денеска од 12 часот во Големата сала на Институтот.

Како што информираат од ИНИ, предавач ќе биде проф. д-р Лилјана Гушевска, а на настанот ќе присуствуваат и средношколски ученици и гости од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Идејата за возобновување на Студиските денови на Институтот за национална историја започна кон крајот на 2022 година, а реализацијата започна во мај 2023 година. Оваа иницијатива, предложена од проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и усвоена од Советот на ИНИ, има за цел да поттикне размена на научни знаења и искуства, како и презентација на најновите истражувања и резултати. ар/нд/

Фото: ИНИ

Остани поврзан