Конференција „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”
- Стопанската комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска ја организираат конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”.
Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска ја организираат конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”.
Како што информираат од Стопанската комора, на настанот ќе се дискутира за партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата, а ќе се отворат теми и прашања кои се од исклучително значење за ефективна борба против корупцијата. Вклучувањето на сите релевантни чинители ќе помогне во креирање добри антикорупциски политики и давање насоки за делување во општеството.
Организаторите на настанот најавуваат дека на настанот ќе говорат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, претседателот на Транспаренси Интернешнл - Македонија, Благоја Пандовски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и претставници на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.фф/са/
Фото: МИА Архива