• сабота, 23 ноември 2024

Конференција „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“

Конференција „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Завршна Конференција со панел дискусија на тема „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот“ ќе се одржи денеска во Скопје.

На настанот, како што информираат од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество - „Инклузива“,  ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Политичко учество на лицата со попреченост“ и Иницијативата за измена и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии, со кои лицата со попреченост би биле застапени на листите за пратеници и советници, со што државата ќе ја исполни во одредена мера својата позитивна обврска за обезбедување услови лицата со попреченост ефективно и целосно да учесвуваат во политичкиот живот преку нивното вклучување во активностите на политичките партии што ќе резултира со нивно кандидирање, преку создавање на легитимни обврски за политичките партии засновани на буџетското финансирање.

На настанот ќе се обратат претседателката на „Инклузива“ Благица Димитровска и Роберт Скот Хајзлет, виш директор на НДИ (National Democratic Institute), а на панелите најавено е учество на министерот за правда Кренар Лога, на претседателот на Државна изборна комисија Александар Даштевски, на Александра Крстеска од НДИ, на Душан Томшиќ од Министерство за труд и социјална политика, на Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител... 

Организаторите на на настанот најавуваат учество на претставници на институции, меѓународни организации, градоначалниците на општините кои учествуваа во проектните активности, политички партии и граѓански организации кои работат во областа. дма/ев/

Фото:МИА архива

Остани поврзан