• понеделник, 23 декември 2024

Книжевно претставување во Штутгард на поетесата Наташа Сарџоска

Книжевно претставување во Штутгард на поетесата Наташа Сарџоска

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - На покана на Здружението „Данте Алигиери“ од Штутгарт, во Италијанскиот културен институт во Штутгарт, свое книжевно претставување ќе има македонската писателка, поетеса, преведувачка и антрополог, Наташа Сарџоска.

Книжевниот разговор со неа ќе го водат професорките по италијанска книжевност од Универзитетот во Штутгарт, Сабрина Мааг и Симонета Пулејо, која е воедно и претседателка на здружението.

Во рамки на книжевниот разговор на италијански јазик со Сарџоска како двојазичен автор, ќе се промовира и нејзината поетска книга „Крстна коска“ која во нејзин автопревод ја објави италијанскиот издавач „Интерно Поезија“.

Освен за својата поезија и проза, Сарџоска ќе говори и за книжевните преводи од италијански на македонски јазик, за нејзините студии и живот во Италија, за влијанието на Италија врз нејзиното поетско и прозно творештво како и за блискоста кон италијанската култура и јазик, наведува авторката. вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан