• вторник, 24 декември 2024

Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт

Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Нашиот еминентен мултимедиа уметник Киро Урдин ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од денеска до 17 септември во Букурешт.

Фестивалот оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти: Северна Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, Шпанија, Турција, Холандија, Уругвај и Романија.

Предвидено е да се одржат 50 настани од различни културни сегменти и формати (средби со поети, преведувачи и издавачи, поетски читања, тркалезни маси, трибини, театарски и филмски претстави, изложби,) на вкупно 14 познати културни простори во Букурешт.

Урдин ќе се претстави задутре, со поетско читање на една од најзначајните негови творби, поемата „Стаорци”. Истиот ден во градината на седиштето на Националниот музеј на романската литература ќе има проекција на три документарни филмови, „Роман во стихови (Кон поезијата на Киро Урдин) ” (сценарио Јане Теохаревски), „Табула Раса” (последниот негов документарец) и „Taнцот Планетариум”. Утре, пак, ќе биде отворањето на изложбите на слики од Урдин (верзија на последниот негов циклус „Табула Раса „ претставен минатиот месец во Романскиот парламент), како и на изложбата со микс од неговите книги со афоризми.

Последното претставување на Урдин ќе биде во аулата на Централната универзитетска библиотека во Букурешт, каде гледачите ќе имаат прилика да ги видат неговите документарци, наградените „Планетариум” и „ Догона ”, како и „Живот и смрт”, сите со негов режисерски потпис. мч/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан