• четврток, 26 декември 2024

Изложба „Никаде Некаде“ на Вања Димитрова во Музеј на град Скопје

Изложба „Никаде Некаде“ на Вања Димитрова во Музеј на град Скопје

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Во Музејот на град Скопје денеска од 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии со наслов „Никаде Некаде“ на мултимедијалната уметница Вања Димитрова.

Како што информираат од Музеј на град Скопје, првото самостојното претставување на Вања Димитрова, насловено „Никаде Некаде“ резимира неколку етапи од нејзиното долгогодишно творештво во областа на уметничкиот филм, аудиовизуелната уметност и фотографијата. 

На изложбата ќе бидат поставени 21 фотографија во голем формат.

Вања Димитрова е филмски автор и визуелен уметник од Македонија. Дипломира на Академија Герит Ритвелд [Gerrit Rietveld Academie] на секторот за аудио-визуелни уметности и магистрира ликовни уметности на Институот Сендберг [Sandberg Instituut], двете Академии во Амстердам, Холандија.

Во 2020 година таа го прави мултимедијалниот филм: “Alone Together”, кој е еден од неколкуте филмови глобално, направен во првиот бран на пандемијата Ковид, снимен во Холандија, награден за најдобар ехспериментален филм на многубројни интернационални филмски фестивали. 

Автор е на документарниот филм „Заклучени Невремиња“ снимен во женскиот затвор Идризово и психијатриската болница Негорци, во Македонија, и на краткометражниот игран филм “Absence” инспириран од вистинска приказна на воен фотограф за време на војната во Босна и распадот на Југославија снимен на 35мм во Холандија. ар/нд/

Фото: Музеј Скопје

 

 

Остани поврзан