• понеделник, 23 декември 2024

Изложба Мал формат во КИЦ

Изложба Мал формат во КИЦ

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). 

На изложбата ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.

-Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт, велат од ДЛУМ.

Нагласуваат дека проектот е подржан од Министерството за култура и туризам.вј/са/

Фото: ДЛУМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан