• среда, 25 декември 2024

Изложба „Во пресрет на Рускиот цар, Романови - царско служење" на фотографии од личната колекција на Царското семејство Романови

Изложба „Во пресрет на Рускиот цар, Романови - царско служење

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС  денеска организира изложба „Во пресрет на Рускиот цар, Романови- царско служење" на фотографии од личната колекција на Царското семејство Романови испратени од Сретенскиот Манастир во Москва.

Како што соопшти Билјана Челик, претседателка на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС, изложбата досега била поставена во повеќе земји во Европа и Азија, а на Балканот прво во Србија и сега кај нас во Македонија, каде освен во Скопје наскоро ќе ја видат и граѓаните на други градови и места. 

- Членовите на Царското семејство Романови од страна на Руската православна црква се прогласени за светци. Оваа година се навршуваат 105 години од нивното погубување, се вели во соопштението.

Изложбата е во организација на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС со поддршка на Сретенски Манастир- Москва, Друштво на писатели Куманово и Општина Ѓорче Петров.

На настанот ќе се прикаже видео обраќање на јеромонахот од Сретенски Манастир од Москва - Игнатиј Шестаков. цр/са/

Фото: Билјана Челик, претседателка на Здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС

Остани поврзан