• сабота, 23 ноември 2024

Завршна конференција за стручно и образование на возрасни

Завршна конференција за стручно и образование на возрасни

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Завршна конференција ќе се одржи денеска од проектот  „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, финансиран од Европската Унија. 

На конференцијата ќе бидат презентирани главните резултати и достигнувањата на проектот, ќе се зборува за потенцијалот за одржливост на резултатите од проектот како поддршка на агендата за реформи на секторот во Северна Македонија, како и за улогата на резултатите од проектот за подобрување на системот за постсредно образование во државава. 

Како што е најавено, ќе бидат претставени и резултатите од проектот како поддршка на понатамошното воспоставување на системот за валидација на неформално и информално учење (VNFIL), како и за усогласувањето на постојниот систем за обезбедување квалитет во стручното образование и обука со eвропската рамка за обезбедување на квалитетот во стручното образование и обука EQAVET.

За перспективите за понатамошен развој на новите регионални центри за стручно образование и обука во Струмица и Велес, избрани од проектот, ќе говорат директорите на овие центри.

Најавени се обраќања на министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Лудмил Ковачев, тим лидер на проектот, како и претставници на различни национални образовни институции и регионални центри за стручно образование. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан