Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта
- Во организација на Парламентарниот институт во Собранието денеска ќе се одржи Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта.

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Парламентарниот институт во Собранието денеска ќе се одржи Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта.
Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието.
Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. ев/са/
ФОТО: МИА Архива