• вторник, 19 ноември 2024

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, вечерва од 19 часот во „Europe House“ ќе ја доделат наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023 за најдобра истражувачка сторија во Македонија.

Како што информираат од ССНМ, на церемонијата ќе се обратат амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и претседателот на жири-комисијата за ЕУ наградата за истражувачко новинарство, Константин Тесторидес.

ЕУ наградата за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција е основана од Европската Унија во 2015 година со цел да ги промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство како и да ја зголеми видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

Конкурсот беше отворен за истражувачки стории објавени од медиуми во Македонија во периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година, а кои се обработуваат теми од слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќ и фундаментални права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд во секоја од седумте земји за 2023 (за истражувачки стории објавени во 2022 година) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 евра и третата 2.000 евра.

Жири комисијата за ЕУ наградите за истражувачко новинарство се состои од медиумски експерти, некои од нив од членовите на проектниот конзорциум, како и од мрежата на конзорциумот составена од реномирани новинари, уредници и членови на академската заедница.

ЕУ наградата за истражувачко новинарство е координирана од Томсон медија, а во Македонија имплементирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. ар/аа/

ФОТО/ МИА архива

Остани поврзан