• петок, 06 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ДКСК ќе ја одржи 97.седница

ДКСК ќе ја одржи 97.седница

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 97-та седница. 

На дневен ред се предлог записниците од претходните 95-та и 96-та седница на Антикорупциската комисија,  Програма за работа на ДКСК за 2024 година, Годишниот план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година, Годишниот план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година, како и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите.

Членовите на ДКСК ќе ги разгледаат и Функционална анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Антикорупциска програма за јавни претпријатија и АД во државна сопственост, Усвојувањето акти огласно Законот за заштита на личните податоци, постапување по конкретни предмети, како и постапувањето по пријави од укажувачи. дма/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан