• сабота, 21 декември 2024

ДЗР ќе ги презентира конечните ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“

ДЗР ќе ги презентира конечните ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Државниот завод за ревизија денеска ќе биде домаќин на претставниците од Врховните ревизорски институции на Србија и Словачка, на настанот поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на кој ќе бидат презентирани националните Конечни ревизорски извештаи на тема „Подготвеност на земјите за имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации до 2030 година“, како и Заедничкиот ревизорски извештај за паралелната ревизија спроведена помеѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Република Србија.

Како што најавуваат од ДЗР, презентација на настанот ќе има Љубица Газдова, генерален директор на Врховната канцеларија за ревизија на Република Словачка која ќе се осврне на тема „Рамка за ЦОР во Република Словачка и ревизорски работи“.

На настанот свои обраќања ќе имаат Максим Ацевски, главен државен ревизор во Државен завод за ревизија на Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка, Невена Јовановиќ, амбасадор на Србија, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, Душко Пејовиќ, претседател и генерален државен ревизор во Државна ревизорска институција на Србија, Љубомир Андраши, претседател на Врховна канцеларија за ревизија на Словачка.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан