• петок, 08 ноември 2024

Дебата „Германското дуално високо образование и врската со бизнис секторот“

Дебата „Германското дуално високо образование и врската со бизнис секторот“

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - „Германското дуално високо образование и врската со бизнис секторот“ е темата на јавната дебата што ќе се одржи денеска во Институтот Хајделберг во Скопје, со присуство на Германската делегација од Франкфурт. 

Ќе се дискутира  на  темите: потреба од трансформација во образовните процеси, недостиг на кадри, младинска невработеност и работна миграција на младите во земјите од ЕУ и адаптација на германскиот дуален високообразовен модел во нашата земја.

Најавената дебата е прва од планираните со цел поинтензивна комуникација со сите чинители на бизнисот и државата, а во насока на соработка за вмрежување на германските и домашни компании, преку новиот концепт на учење и работа, со таргетирани мерки и програми согласно концептот на дуалното високо образование.

Раководството на Дуалниот универзитет од Франкфурт - PROVADIS го акредитираше и го призна  како нов партнер за изведување на додипломски германски студии Хајделберг Факултетот во Скопје.лв/вг/

 

Остани поврзан