• сабота, 23 ноември 2024

Втор симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Втор симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) – Друштвото на кардиолошки сестри при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“ денеска во Велес ќе одржи втор симпозиум на тема „Нови професионални перспективи во кардиологијата“.

Како што соопшти Друштвото на кардиолошки сестри, на симпозиумот ќе биде претставено значењето на имплементацијата на новите достигнувања и унапредени вештини, тимската работа и  размената на институционални искуства.

-Со стручните теми, едукации и активности ќе се стремиме преку размена на искуствата во теорија и пракса да го подобриме квалитетот на здравствена нега, а воедно и со преглед на сите проблеми и околности кои сме ги надминале или се уште треба да ги надминеме за унапредување на нашата работа, истакнува сестра Жанета Богоевска, претседател на Друштвото. хс/ев/

Фото: Друштво на кардиолошки сестри

Остани поврзан