Во Собранието ќе заседаваат три комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правна комисија.
Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правна комисија.
Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, и двата по скратена постапка.
На Законодавно правната комисија се три точки - Предлог на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање. фф/аа/
Фото: МИА Архива