• понеделник, 23 декември 2024

Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“

Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Кабинетот на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе организира Донаторска конференција под наслов „Ромите и пријателите“.

Како што соопшти кабинетот на министерот, на конференцијата ќе присуствуваат амбасадори, меѓународни организации и преставници од Владата.

Во рамките на настанот, кој ќе се одржи во Влада во свечана сала, Кабинетот ќе го претстави планот за работа за наредниот период, со акцент на клучните иницијативи и проекти за подобрување на социјалната и економската положба на ромската заедница. нд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан