• четврток, 04 декември 2025

Влатко Стефановски со два концерта ќе одбележи 50 години музичка кариера

Влатко Стефановски со два концерта ќе одбележи 50 години музичка кариера

Скопје, 14 април 2025 (МИА) - Нашиот врвен гитарист, композитор и македонска музичка легенда Влатко Стефановски, на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, концертно ќе ја одбележи неговата импозантна 50-годишна музичка кариера.

Влатко Стефановски е македонски бренд во светот на рокот, џезот и блуз музиката, кој зад себе има остварено раскошна кариера што го обликуваше современиот македонски музички пејзаж и целите балкански простори.

Како што најавауваат организаторите на концертите, на средбата со новинарите денеска ќе бидат претставени и неговите најнови винилни изданија за Croatia Records, како и персонализираните гитарски жици од светски познатата компанија Thomastik-Infeld од Виена, кои од неодамна го носат неговиот потпис.

На прес - конференцијата, покрај Стефановски ќе гостува и познатиот продуцент Томислав Кашљевиќ од продукцијата Мјузик Тајм, организатор на јубилејните концерти на Стефановски, како и музичката уредничка на Кроација Рекордс, Клаудија Чулар. вг/са/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан