• сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот Маричиќ на конференција на Универзитетот Харвард

Вицепремиерот Маричиќ на конференција на Универзитетот Харвард

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) -  Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави за да учествува на конференцијата „The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на  Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе оствари средби и со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се на престижниот универзитет Харвард.

-Во рамките на посетата, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и ќе има други средби со високи претставници, информира СЕП. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан