• четврток, 19 декември 2024

„Бескрај“ - концерт со виолинистката Албена Данаилова

„Бескрај“ - концерт со виолинистката Албена Данаилова

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова, а диригент е маестро Најден Тодоров од Бугарија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур од Јоханес Брамс и Симфонијата во де-мол од Цезар Франк.

Албена Данаилова е прва жена која станува концерт-мајстор на познатата Виенска филхармонија, која важи за прилично конзервативна институција. Оваа позиција ја добила по аудицијата во 2008 година, односно по двегодишна работа во овој престижен светски оркестар. Данаилова има и успешна солистичка кариера, а воедно настапува и како камерен музичар. Редовно настапува во родната Бугарија, во Германија, Израел, САД. Од 2019 година работи и како професор по виолина на Државниот универзитет во Виена. 

Најден Тодоров повеќе од три децении се наметнува како диригент на најпрестижните сцени во светот. Тој диригирал стотици симфониски концерти, оперски и балетски претстави во Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Романија, Србија, Република Северна Македонија, Косово, Полска, Чешка, Словачка, Турција, Русија, Израел, Египет, Кина, Јужна Кореја, САД итн. дма/ев/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан