• понеделник, 23 декември 2024

Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Козле“ од бр.130 до бр.170, во општина Карпош, како и дел од корисниците од ул. „24“ во населба Сопиште. 

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, струја ќе немаат корисниците од улиците „Петар Дељан“ и „Ѓорѓи Сугаре“, како и дел од корисниците лоцирани на бул. „Борис Трајковски“, општина Кисела Вода. 

Без струја во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ќе останат дел од корисниците од ул.„Франце Прешерн“, општина Ѓорче Петров. цр/са/

Фото: МИА архива 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан