• вторник, 24 декември 2024

АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“

АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство,  пред претставници на стопанството денеска во „Јуроп хаус“ во Скопје ќе го презентира новиот проект „Young Energy Europe“.

-Целта на проектот е да се обучат млади вработени како да ја зголемат енергетска ефикасност во компаниите каде што работат. По добиената обука ќе имаат временски период од неколку недели да дизајнираат и спроведат сопствен проект, кој треба да го имплементираат во својата компанија и истиот ќе биде презентиран пред комисија во Германија, соопшти АХК.

Овој проект првпат се спроведува во земјава, а досега е успешно имплементиран во Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора.

Според организаторот, со негова промоција ќе бидат запознаени  поголем број компании кои со  имплементирањето ќе може да придонесат во намалувањето на загадувањето, заштеда на енергија при производство и доближување до зелената агенда.

Како што е најавено, настанот ќе го отвори  директорката на АХК Северна Македонија, Антје Ванделт, а обраќање ќе има и  заменик амбасадорот на Германија, Јан Фос и Хана Лохте, одговорна за проектот на глобално ниво од Германската комора за индустрија и трговија во Берлин. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан