• четврток, 26 декември 2024

Балетската претстава „Есмералда“ од композиторот Чезаре Пуњи вечерва во НОБ

Балетската претстава „Есмералда“  од композиторот Чезаре Пуњи вечерва во НОБ

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Балетската претстава „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечер ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20.00 часот.

Приказната за Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе ја пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин. Сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. ир/ев/


Фото: НОБ

Остани поврзан