Начо: Кога почнавме да размислуваме што да правиме, најмладото момче во репрезентацијата дојде до израз
- Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Начо ги искажа впечатоците за победата над Франција (2:1) во полуфиналниот натпревар од ЕП 2024 година.

Минхен, 10 јули 2024 (МИА) - Дефанзивецот на шпанската фудбалска репрезентација Начо ги искажа впечатоците за победата над Франција (2:1) во полуфиналниот натпревар од ЕП 2024 година.
- Среќни сме, но тоа се контролирани емоции. Завршивме само половина од задачата - уште ништо не е освоено. Сега сфативме дека сме уморни. Време е за одмор и славење на оваа победа. И се гледаме во Берлин. Француската репрезентација има првокласни играчи. Но, знаеме и за нашите квалитети. Кога губевме и размислувавме што да правиме, најмладото момче во нашиот тим дојде до израз и постигна фантастичен гол, го цитира Начо прес-службата на УЕФА.
Вториот финалист на Евро 2024 ќе биде одреден по натпреварот Холандија - Англија кој ќе се одигра вечер од 21 часот во Дортмунд. зс/
Фото: ЕПА