Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред
- Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните

Мадрид, 23 јануари 2021 (МИА) - Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните групи.
Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес побара објаснување од генералот Мигел Анхел Вилароја, а Министерството подоцна во образложението за оставката соопшти дека генералот „никогаш немал намера да искористи привилегии што ќе го нарушат угледот на вооружените сили и ќе ја доведат во прашање неговата чест“.
Се наведува дека Вилароја „носел одлуки за кои сметал дека се правилни“, но кои „го нарушиле угледот на вооружените сили“.
Од крајот на минатиот месец е забележано зголемување на бројот на новозаразени случаи во Шпанија. Вчера се евидентирани 42.885 нови случаи, а починале уште 400 граѓани. Досега, вкупно 55.441 лице починале од Ковид-19 во таа земја. гт/