• вторник, 24 декември 2024

Националните фудбалски федерации бараат одложување на Евро 2020, претседателот на УЕФА Чеферин против

Националните фудбалски федерации бараат одложување на Евро 2020, претседателот на УЕФА Чеферин против
Рим, 10 март 2020 (МИА) - Фудбалските федерации на неколку земји побараа од УЕФА да го одложи Европското фудбалско првенство 2020, објави италијанското издание на „Тутоспорт“. Причина за ваквото барање е ситуацијата со коронавирус. Федерациите се надеваат дека ќе имаат можност да ги комплетираат национални првенства, на кои им се заканува прекин. Се наведува дека една од можните опции е да се одложи ЕП за следната година. Во исто време, се посочува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е против оваа идеја. Тој се надева дека ќе постојат услови за одржување на Евро 2020 во предвидениот термин, од 12 јуни до 12 јули. зс/

Остани поврзан