• среда, 25 декември 2024

Национална кампања по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот

Национална кампања по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот

Охрид, 27 јули 2023 (МИА) – Во повеќе градови низ земјата ќе се одржат настани и активности за одбележување на 28 Јули - Светскиот ден за борба против хепатитисот.

Во рамки на кампањата што заеднички ја спроведуваат Министерството за здравство, „Хепар“ центарот од Битола, здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид,  Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни заболувања, дигестивна хирургија, онкологија, за интервентна радиологија ќе бидат презентирани најзначајните достигнувања и активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во земјата. Ќе бидат објавени и резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот Бе и Це, како и црнодробниот карцином.

-Горди да ви најавиме дека го отвораме првиот црнодробен центар во нашата земја. Центарот е опремен со најсовремена дијагностика и современа терапија, што ќе ни овозможи да ги зголемиме шансите за излекување и подобрување на квалитетот на живот на пациентите, се истакнува во соопштението од организаторите на кампањата.

Обезбедено е и амбулантно возило опремено со најсовремнеи тестови за тестирање на хепатитис Бе, Це и ХИВ, како и најсовремен  еластограф кој ќе се изведува бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб.

Мобилната единици на Ургентниот центар ќе биде презентирана пред граѓаните на Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип, со цел да се оптафат што поголем број луѓе и препознавање на заболувањето во рана фаза, што е од суштинска важност за успешното лекување.

-Нашата борба против хепатитисот не се ограничува само на овој ден, туку трае цела година. Ние сме решени да продолжиме да ја подигнуваме свеста кај луѓето за заболувањата на црниот дроб и начините за превенција и лекување. Министерството за здравство, Хепар Центар Битола, клиниките и другите здравствени институции, работиме за подобрување на здравствената нега и услугите за сите граѓани“, се посочува во соопштението. аб/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан