• сабота, 23 ноември 2024

Научно објаснување зошто децата не сакаат брокули

Научно објаснување зошто децата не сакаат брокули
Канбера, 28 септември 2021 (МИА) - Неодамнешно истражување на австралиска научна агенција открива дека постои научно објаснување зошто децата не сакаат брокула. Тоа всушност се должи на бактериите во устата кои во комбинација со ензимите на овој зеленчук произведуваат непријатен мирис. Истражувањата покажуваат дека оваа група плодови, каде што спаѓаат и карфиолот, кељот и зелката - не се омилени „од практични причини“. Ензимите од овој вид зеленчук и ензимите и бактериите во плунката може да создадат непријатно чувство во устата. Но, иако децата често одбиваат да ги јадат овие плодови, се чини, возрасните можат да научат да го толерираат тоа чувство со текот на времето. Инаку, родителите и нивните деца имаат слично ниво на чувство за мирис, а имаат и ист тип бактерии во устата. Науката, исто така, открила дека повисокото ниво на бактериите предизвикува пропорционално поголема одбивност кај децата кон зеленчукот. - Односите меѓу зелјестиот зеленчук и човечката плунка можат да влијаат на појава на лош здив, што пак може да се поврзе со индивидуалната перцепција и вкус, се вели во написот во Журналот за земјоделство и хемија на храната. Иако претходните истражувања покажаа дека возрасните имаат различно ниво на овој ензим во плунката, досега не беше познато дали ова е точно за децата и дали тоа влијае врз вкусот во исхраната. си/гт/

Остани поврзан