Научници тврдат дека можат да го вратат изумрениот тасманиски тигар
- Животното наликувало на куче, со тело долго околу еден метар, со сиво-кафена боја и 12 до 14 црни попречни ленти на грбот. Женката раѓала 2 - 4 младенчиња. Живееле во Австралија, Тасманија и

Хобарт, 17 август 2022 (МИА) - Австралиски научници веруваат дека се на пат да го вратат изумрениот вид тасманиски тигар и дека би можеле да го добијат првото живо младенче веќе следното десетлетие.
Општо познато е дека торбарот тасманиски тигар, или „волк со глава на куче“, чиешто научно име е „Thylacinus“, целосно исчезнал во 20. век. Последната позната единка угинала во 1936 година во Зоолошката градина „Бомарис“ во Хобарт во австралиската островска сојузна држава Тасманија. Животното наликувало на куче, со тело долго околу еден метар, со сиво-кафена боја и 12 до 14 црни попречни ленти на грбот. Женката раѓала 2 - 4 младенчиња. Живееле во Австралија, Тасманија и Нова Гвинеја.