• вторник, 18 март 2025

Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките

Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките

Џакарта, 18 март 2025 (МИА) - Науката пред извесно време ја претвори лебарката во тн. киборг (кибернетски организам), т.е. полуроботизирана бубачка, давајќи ѝ поголема моќ на навигација. Концептот претставува спој на органската анатомија на лебарките и чувството за ориентација и движење на мал простор и непријателска средина, усовршени низ милиони години еволуција - со високотехнолошки електронски миниранец на нивниот грб. Истражувањето е објавено во „Софт роботикс“ (Soft Robotics).

Предности: Со рамните тела, бубачките-киборзи може да навлезат во места каде што ниеден човек не може, јадат речиси сѐ, и се речиси неуништливи. Овие одлики ги прават лебарките совршени алатки за операции за претрага, спасување, контролирано движење, надзор и слично. Токму затоа, научниците Универзитетот на Осака во Јапонија и Универзитетот „Дипонегоро“ во Индонезија им се посветија на истражувањата и усовршувањето на киборг-лебарките.

- Создавањето функционален робот со мал обем е предизвик со што сакавме да ги надминеме овие пречки и ќе ги направиме работите поедноставни. Со едноставно прикачување електронски уреди на инсектите, може да ги избегнеме незгодните предизвици на роботското инженерство и да се сосредоточиме на постигнувањето на нашите цели. Така едноставен чекор!, објаснува Мохамед Аријанто - машински инженер на „Дипонегоро“ и водечки истражувач во овој труд.

Тимот прво сакаше да види дали на мадагаскарската лебарка, научно наречена Громфадорина портентоса (Gromphadorhina portentosa), ќе може да се вградат сензори што детектираат движење, пречки, влажност, температура и други податоци, како и електроди и антени на телото коишто би можеле да се користат за водење на инсектот. Целиот систем се нарекува „Биохибриден навигациски систем заснован на однесување“ (БИОББН). Се заснова на програмирање со цел да се достигне одредена локација, а истовремено да се избегнат сите пречки на патот.

БИОББН има два навигациски алгоритми: За едноставни, и за посложени средини.

„Првиот систем за навигација користеше поголем и потежок електронски ранец, додека вториот бараше покомпактен, полесен за приспособување на сложената навигација на теренот. Ги тестиравме био-хакираните лебарки на патеки со пречки, полни со песок, камења и дрво. Командите за навигација се користеа умерено за да се осигура дека киборгот сам ќе ја достигне својата цел. На бубачките, во најголем дел, им беше дозволено да го пронајдат својот пат, избегнувајќи или надминувајќи ги пречките и поправајќи се кога работите ќе тргнат наопаку. Овој алгоритам користеше природно однесување на лебарките, како што се следење по ѕид и качување, т.е. движење околу и над препреките“, пишуваат авторите.

А, второто, посложено сценарио на БИОББН барало повеќе време поради зголемениот број пречки.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by techinnews.com (@techinnews.com_)

Авторите се надеваат дека овие полуроботизирани бубачки би можеле да се користат за проверка на урнатини по евентуална војна или природна катастрофа, па дури и за лоцирање преживеани во неволја. Тие можат да испраќаат податоци за места коишто не се достапни за луѓе, како што се цевки, подземни тунели, чувствителни места од културното наследство итн.

- Верувам дека нашите киборг-инсекти можат да постигнат разни цели со помал напор и сила од чисто механичките роботи... Нашиот самоуправувачки Биохибриден систем за навигација ги надминува предизвиците со коишто досега се соочуваат роботите, како што е враќањето по пад, вели инженерот за тн. влажна роботика, Кејзуке Моришима од Универзитетот во Осака.

„Влажна роботика“ (wet robotics) е област на роботиката којашто се занимава со развој на роботи за во водни и влажни средини. Овие роботи се дизајнирани да работат во каква било течност, без разлика дали тоа е океан, река, лабораториска вода, па дури и телесни течности.  си/ссм/

Фото: Фрипик, создадено со ВИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан