• понеделник, 03 март 2025

Научна конференција за новите предизвици во високото образование и синдикалното движење

Научна конференција за новите предизвици во високото образование и синдикалното движење

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по повод петгодишниот јубилеј од основањето денеска организира научна конференција на тема „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“.

Конференцијата ќе се одржи во Ректоратот на УКИМ, а најавени се обраќања на ректорката Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

На конференцијата ќе учествуваат ректори, професори и претставници од синдикатите на државните универзитети. Целта е да се даде придонес во подобрување на регулативата со која се уредува високото образование, во интерес на научно-образовниот процес и студентите.

По повод јубилејот и претстојниот Меѓународен ден на жената во вторник во просториите на Ректоратот ќе се одржи крводарителска акција, а истиот ден од 19:45 часот ќе се одржи свечена академија во Музејот на македонската борба за самостојност. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан