• петок, 26 јули 2024

Наутро студено, предку денот претежно сончево со мала до умерена облачност

Наутро студено, предку денот претежно сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 1 јануари 2021 (МИА) – Времето во земјава наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне 11 степени. Во сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд. На планините на северозапад врнежи од снег. Во недела и во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Остани поврзан