• петок, 05 декември 2025

Науката потврди: Мажите се посилниот пол

Науката потврди: Мажите се посилниот пол

Перм, 13 октомври 2025 (МИА) - Научниците конечно ја решија вечната дилема и прашањето: Кој повеќе и поинтензивно чувствува болка - мажите или жените?

Жените посилно чувствуваат болка, според истражувачите од Русија. Постојат неколку причини за ова: Половите хормони се делумно одговорни, а делумно и начинот на којшто делува имунолошкиот систем на понежниот пол, а тука се и општествените улоги на жените, како и етничката и културната припадност, пишува „Комсомолскаја правда“.

Каква улога игра тестостеронот во чувството на болка?

Тестостеронот има својство да ја регулира толеранцијата на болка и ова е, на некој начин, предност, или „дар“ на еволуцијата. Благодарение на него, мажот се прилагодил на условите на животот - дури и сериозно ранет при лов, се наведува, тој морал да се врати дома со уловот, бидејќи тоа бил единствениот начин семејството да преживее.

Поради потребата женското тело постојано (во просек еднаш месечно) да го обновува ендометриумот за време на менструалниот циклус, женското тело испушта повеќе воспалителни медијатори, коишто помагаат на „повреденото“ ткиво да заздрави. Сепак, присуството на овие соединенија ја зголемува чувствителноста на болка, предизвикувајќи отоци и воспалителни процеси.

„Оваа биолошка специфичност има уште еден недостаток: Поради сѐ тоа, жените се и посклони кон автоимуни болести“, се нагласува во написот.

Социјални улоги и нивното влијание

Жените често се перцепираат како послаб пол, што им овозможува повеќе да ја демонстрираат својата понежна, почувствителна, емоционална страна - тоа, како што вели психолог Марија Дуванскаја од рускиот Пермски универзитет, е и општествено прифатливо.

- Како резултат на тоа, жените си создаваат помала толеранција на физичка болка. Покрај тоа, перцепцијата на болката е под влијание и на културните норми: Во источните земји, каде што се цени стоицизмот, прагот на болка е повисок отколку во западните земји, каде што е генерално прифатено отвореното изразување на емоциите, вели Дуванскаја.

Такја, во Јапонија и Кина, на пр. луѓето се, по правило, поиздржливи, отколку на Западот, на пр. - Шпанија и Грција, каде што, вообичаено, отворено се изразуваат емоциите.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан